mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ не ја свикува собраниската комисија, ги крши роковите за избор на Програмски совет на МРТВ

dbi

10.07.2019

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратник на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ беше и останува кочничар на медиумските реформи.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не свикува седница на Комисијата.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со таквиот однос, веројатно, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, со сигурност нема да се случат.

Очигледно единствена причина е зачувувањето на нивните партиски кадри во МРТВ и АВМУ, кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше нашата држава.

Состојбата во МРТВ, е единствена критика од Извештајот на Европската комисија и обврска на сите е да се обезбеди независен и професионален Национален сервис .

Јасно е зошто само ВМРО-ДПМНЕ, партијата што создаде заробена држава, е против независни и прфесионални институции, против независна Агенција и независен и професионален Програмски совет во МРТ.

За потсетување членот на програмскиот совет на МРТ, Косана Мазнева, токму од страна на Христијан Мицкоски беше назначена за негова советничка во неговиот кабинет во ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е потврда за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите но и уште еден доказ за потребата од сериозни реформи во јавниот сервис кои ќе овозможат професионализација на МРТ.

Почитувани граѓани,

Како одговорна партија, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања затоа што мораме да ја започнеме јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Реформите, почитувани граѓани, мора да продолжат.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени