mchi

Најнови вести

Сугаревски на средба во село Двориште: СДСМ обезбедува подобри услови за живот, само во Берово проекти во вредност од 6 милиони евра

dbi

10.07.2019

Соопштение за јавност


Членот на ЦО на СДСМ, Горан Сугаресвки придружуван од градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски попладневно учествуваа на маалска средба со жителите на село Двориште.

Сугаревски се осврна на спроведените мерки и реформи во изминатите 2 години, за подобрување на животот на граѓаните, со посебен акцент на проектите во Малешевијата и село Двориште.

-Задоволство ми е што денеска сум помеѓу граѓаните на Берово и село Двориште бидејќи можам да истакнам дека се спроведуваат низа активности на полето на инфраструктурата кои обезбедуваат безбедно и сигурно движење на граѓаните и подобри услови. Се реконструира патот Берово-Виница, интензивно се асфалтира патот од Берово до граничниот премин Клепало. Решаваме уште еден проблем кој со години наназад не беше решен, водовод во Двориште. За десетина дена ќе се објави јавниот повик за изградба на водовод во село Двориште а годинава ќе го надградиме и водоводниот систем за туристичката населба Беровско езеро. Генерално инфраструктурните инвестиции во Берово надминуваат преку 6 милиони евра. За нас зборот важи, потенцираше Сугаревски.

Сугаревски истакна дека СДСМ е со граѓаните, ги слуша нивните потреби и делува. Во таа насока е и новиот систем на партијата, интензините маалски средби. Наша цел е да се забрза напредокот, реформите и интеграциите.

-Маалските средби ќе продолжат низ цела држава, во сите општини и села. Ќе ги презентираме спроведените мерки и реформи, но од друга страна ќе го слушаме гласот на граѓаните и нивните потреби. Остануваме посветени на реализација на централната и локалната програма која носи подобар живот за сите, заклучи Сугаревски.

Тимовите на СДСМ ги евиденираа предлозите на граѓаните, нивните ставови, забелешки и коментари.

 

Скопје, 10.07.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени