mchi

Прес

Раст на гринфилд инвестициите од 200 отсто, економијата расте

dbi

11.07.2019

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник


Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Уште еден податок покажува дека по години стагнација и уназадување, економијата е стабилизирана, расте и се разввива.

ФДИ Интеленџенс, сервисот на Фајненшел тајмс, објави дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции.

Тоа е раст од 200 отсо споредено со минатата 2017 година.

Ова е одличен податок, особено имајќи предвид дека гринфилд инвестиции претставуваат инвестиции во бизнисот без претходна инфраструктура, деловен простор и вработени.

За две години, вработени се околу 50 илјади граѓани, од кои 48 илјади во реалниот сектор. Тоа значи дека политиките даваат резултат.

Со вистински економски политики создаваме реална економија со долгорочна стабилност, ориентирана и кон приватниот сектор.

Освен растот на гринфилд инвестициите и вработувањето, имаме раст и на извозот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, извозот е зголемен за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Ова се само дел од последните податои што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Довербата во економијата е вратена, се реализираат нови инвестиции, расте индустриското производство, невработеноста опаѓа.

Зборот важи. Како одговорна партија дадовме збор, се посветиме на развој на економијата, нови работни места, повеќе пари и подобар животен стандард на сите наши граѓани.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени