mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ да не крева вештачка паника, случајот со заразени животни со антракс е изолиран, новозаразени нема

dbi

12.08.2019

Соопштение за јавност 

На лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на измислици и лажни вести му нема крај.

Истата таа партија додека беше власт во 2009 и 2015 година, криеше дека има појава на антракс во општина Сарај, односно Велес.

Денес, нивната наводна грижа за граѓаните од опасноста од заразеност со антракс е само очаен обид за прибирање на ситни дневнополитички поени на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за здравство веднаш излезе во јавноста и потврди дека нема опасност за граѓаните и дека ниту еден граѓанин не е заразен со антракс.

Истовремено и Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти дека засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста.

Последните информации се дека нема нови случаи на заразени со антракс.

Крајно несериозно е од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ги вознемирува граѓаните и создава вештачка паника и страв кај нив.

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции ги превземаат сите мерки потребни во ваков и слични случаи и се подготвени да одговорат во секое време.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени