mchi

Најнови вести

Единствени кои бранат криминал се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, но нема да успеат во намерата, ќе одговара секој кој постапувал незаконски

dbi

13.08.2019

Соопштение за јавност

 

Единствените кои бранат криминал и штитат криминалци се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски чија единствена агенда е одбрана на криминалниот режим и неговите остатоци.

ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, со надеж дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членка на НАТО и ЕУ и дека вистинските криминалци ќе ги спасат и да ги претстават како жртви.

Нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и нивните тајкуни.

Апелираме до сите надлежни институции што побрзо да го расчистат актуелниот случај и сите за кој ќе се докаже вина да одговараат, вклучително и тајкуните на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тоа е во интерес на правдата, државата и граѓаните.

Истовремено, сите отворени предмети мора да се расчистат до крај. Предметите Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство во Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други мора да добијат правен епилог.

Република Северна Македонија е правна држава во која владеењето на правото е неселективно. Никој не е и нема да биде над законите, за секое незаконско постапување следува одговорност.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени