mchi

Најнови вести

Со мерката „Зелена нафта“ над 5.000.000 денари завршуваат кај прилепските земјоделци

dbi

13.08.2019

Прес конференција, Миле Талевски – Претседател на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани граѓани на Општина Прилеп,

Почитувани земјоделци,

За нас зборот е збор. Го исполнивме предизборното ветување и ја стартувавме мерката „Зелена нафта“ за земјоделците.

Со најновата мерка на владата „Зелена нафта“, овозможуваме огромно олеснување на земјоделците во производството на нивните производи.

Почнувајќи од 1-ви август годинава, 30 отсто од трошоците за нафта што земјоделците ја користат за обработка на земјоделските површини, ги покрива Владата со мерката „Зелена нафта“.

Мерката „Зелена нафта“ за прв пат се воведува и тоа во првата половина од мандатот на Владата, а со неа се опфаќаат над 55.000 земјоделци на државно ниво, од кои околу 2.000 се од Прилеп.

На овој начин, кај земјоделците ширум државата се враќаат околу 200 милиони денари, од кои над 5.000.000 денари завршуваат директно во рацете на нашите сограѓани – земјоделците од прилепскиот регион.

Со „Зелената нафта“, директно се намалуваат трошоците на земјоделците, се зголемува конкурентноста на нивните производи на пазарот, а тоа ќе донесе и поголеми приходи во нивниот домашен буџет.

Дополнително, со измените на Законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна распределба и го враќаме целокупното обработливо земјиште кај вистинските земјоделци.

Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина 3 години.

Почитувани,

Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го слуша гласот на земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари за граѓаните.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени