mchi

Најнови вести

Ова веќе личи на тв сапуница, Трипуновски го испратиле на погрешно место, ДПМНЕ да престане преку лажни вести да ги вознемирува граѓаните

dbi

14.08.2019

Соопштение за јавност

Немаат крај очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку измислени, непостоечки случаи. Активностите на ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски личат на тв сапуница.

Цветан Трипуновски треба да знае дека постојано го испаќаат на погрешно место да држи прес конференции. 

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ кој Трипуновски трет ден во очај ги повторува и надополнува се веќе демантирани од сите надлежни институции.

Министерството за здравство јавно потврди дека нема ниту еден граѓанин кој е заразен со антракс.

Агенцијата за храна и ветеринарство веќе информираше дека засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста и нема регистрирано нови случаи.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се докажува како симбол на лажни вести и невистини и не нуди ниту една мерка во интерес на граѓаните.

Наместо да пласира измислици и лажни вести, редно е опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже сериозност и да престане да ги вознемирува граѓаните со лаги и невистини заради остварување на ситни дневнополитички поени.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени