mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ поттикнува насилство и омраза и го извалка Денот на независноста, но нема да го врати темното минато на поделби и изолација

dbi

09.09.2019

Соопштение за јавност


ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник 8 септември - Денот на нeзависноста.

Покрај тоа што немаше партиска делегација да положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, ВМРО-ДПМНЕ сее омраза и поттикнува насилство.

Последен пример за тоа е палењето слики на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска на собир во Австралија. ВМРО-ДПМНЕ и нивната заканувачка реторика се директните поттикнувачи на вакви срамни чинови.

Во вчерашниот ден, ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола се обидоа обична фудбалска кавга да ја претворат во националиситички конфликт, што сепак не им успеа.

Со ваквите постапки, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека се однесува антидржавнички и деструктивно. Одново се докажа дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот, ширење поделба и омраза и оддалечување на државата од ЕУ и НАТО.

Нема да успеат обидите за создавање вештачки тензии и поделби. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да успеат да ја вратат државата во темното минато на насилство, поделби и изолација. Република Северна Македонија оди напред како едно општество за сите, без разлика колку и тоа да е неприфатливо во белиот дворец.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени