mchi

Најнови вести

Јалов обид на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание да го испере Мицкоски и неговата одбрата на криминалот

dbi

11.09.2019

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

1. Зошто го спречивте разрешувањето на Катица Јанева на оваа седница?

· Напротив, знаеме дека тоа беше укажување и од страна на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ова утро, на координацијата кај Претседателот, сите координатори на пратеничките групи, на четирите поголеми партии, е договорено, точката за разрешувањето на Катица Јанева да биде на посебна седница. На тоа се согласи и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас, не гледам ништо друго, освен очаен обид од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да ја дефокусира јавноста од сето она што се случуваше на вчерашната лидерска средба. Како што кажав и во изјавата, тоа е последен обид на Христијан Мицкоски да ги амнестира криминалите на неговиот вистински шеф, како и криминалите на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Откако не му успеа тоа, ова е јалов обид за дефокус на јавноста.

 

2. Можете ли јавно да гарантитрате дека ќе се одржи таква седница пред 15ти септември?

· Јас не сум претседател на собранието. Околу одржувањето на седниците и текот на седниците во рамки на Собранието на Република Северна Македонија, ве упатувам да се обратите кај Претседателот, Талат Џафери.

3. Кои се ваши следни потези во однос на Законот за ЈО, дали ќе продолжи процедурата за Законот за ЈО?

· До сега вложувавме и треба да вложуваме максимални напори, во однос на постигнување на консензус околу Законот за Јавно Обвинителство и околу други закони кои што се важни за сите граѓани и ги тангираат сите граѓани, без оглед на нивнота партиска, етничка и било каква друга определба. Јас, верувам дека, ќе дојде ред законот да дојде во собраниска процедура и очекувам дека сите пратеници, без исклучок ќе гласаат во име на правдата и во име на правната држава.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени