mchi

Најнови вести

5 нови градинки за згрижување дополнителни 760 деца, детската заштита е на прав пат

dbi

09.10.2019

Соопштение за јавност

 

Мерките и политиките на СДСМ и Владата која ја предводи во континуитет покажуваат и докажуваат дека сме на прав пат.

Заложбите во детската заштитита и грижата за најмладите останува еден од главните приоритети на Владата и Министерството за труд и социјала.

Потврда за тоа е изградбата на нови градинки во пет општини со кои се потпишаа договори за грантови за нивна изградба во  вредност од 228 милиони денари или 3.7 милиони евра.

Со потпишување на овие договори се отвора простор за 760 нови деца.

Нови градинки ќе се градат во Крива Паланка, во Ѓорче Петров и Струмица, а ќе се адаптираат нови простории во Боговиње и Ресен.

Зголемувањето на буџетот на Министерството за 300 отсто за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование е потврда дека детската заштита е подигната на многу повисоко ниво.

Истовремено, покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси односно лицата кои се задолжени за грижа  и воспитување на најмладите. Преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование.

Со изградба на нови објекти, предвидено е да се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа да се подигне опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Грижата за најмладите и обезбедување на услови за згрижување и воспитување на децата е правиот пат.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени