mchi

Најнови вести

На прав пат сме, 16,5 милиони евра на располагање од ИПАРД, ги охрабруваме земјоделците од Неготино да аплицираат

dbi

09.10.2019

Прес-конференција, Стефан Вучковски, портпарол на ОО СДСМ Неготино


Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Како политичка партија чија програмска определба беше подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемувањето на економската активност, продолжуваме со отворање на нови перспективи и услови за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.

16.5 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.

Со оваа финансиска инјекција, реализаирана преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, а поддржана од Европската Унија, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам.

Ги охрабруваме сите заинтересирани граѓани од нашата општина да аплицираат на објавениот оглас.

Ви благодарам

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени