mchi

Најнови вести

Изградбата на новите 5 градинки обезбедува простор за дополнителни 760 деца, на прав пат сме

dbi

09.10.2019

Прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ

 

На прав пат сме!

Како одговорна партија преку бројни мерки и политики покажуваме дека вистински се залагаме за подобар живот на сите граѓани.

Детската заштита и грижата за најмладите остануваат главни приоритети на кои посветено и во континуитет работиме.

Потпишани се договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.

За оваа намена обезбедени се 228 милиони денари или 3.7 милиони евра.

 

Со изградбата на новите градинки капацитетите ќе се зголемат за дополнителни 760 деца. Се повеќе деца вклучуваме во предучилишната грижа и воспитување.

Денес, детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

Истовремено, покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси во градинките. Преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование.

Со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Грижата за најмладите и обезбедување на услови за згрижување и воспитување на децата, е правиот пат. Продолжуваме и понатаму вистински да се грижиме за сите граѓани!

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени