mchi

Најнови вести

Прентовиќ: По основ на сите програми исплатени се вкупно 300 милиони евра,вративме наследени долгови и инвестираме во земјоделството

dbi

09.10.2019

Соопштение за јавност

 

Со ребалансот во земјоделството се ослободуваат 915 милиони денари или 16 милиони евра со кои што средства се планира исплата на неиплатените обврски и со тоа се заокружува исплатата на државата кон земјоделците.-истакна пратеничката Татјана Прентовиќ во реплика на Љупчо Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со доаѓањето на власт во 2017 година веднаш се започна со интервенирање во производната и откупната цена кај земјоделците, така што се донесоа дополнителни субвенци за праските, лубениците, интервентна мерка за индустриско јаболко и доматите, за грозјето и други средства наменети за поддршка на земјоделците.-посочи Прентовиќ.

Таа истакна дека денес за разлика од претходно се прави разграничување на субвенциите на развојни и на субвенции за мали земјоделски стопанства под 1 хектар.

Прентовиќ потенцираше дека од Јуни 2017 година до сега за мерки од програмата издвоени се околу 180 милиони евра за директни плаќања, но исплатени се и субвенциите за 2016, 2017, 2018 како и заостанатите од 2013, 2014, 2015 година .

За програмата за рурален развој исплатени се околу 12 милиони евра, за програмата за рибарство околу 600 илјади евра, односно од јуни 2017 до мај 2019 година по основ на сите програми исплатени се околу 200 милиони евра, а од тогаш до сега со дополнителните исплати, вкупно исплатени се над 300 милиони евра.-истакна Прентовиќ.

Таа на крајот додаде дека заложбите на оваа Влада се реализирани, денес имаме навремена и неселективна исплата на субвенции.

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени