mchi

Најнови вести

Претседателот Заев на состанок на ПЕС во Брисел: Одлуката за старт на преговори ќе значи признание за реформите

dbi

17.10.2019

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Брисел учествуваше на состанок на Партијата на европски социјалисти.

На состанокот на кој учествуваа и претседателот на Европскиот парламент Давид Марија Сасоли, премиери, еврокомесари и други политички лидери од ПЕС, беа поздравени и поддржани прогресивните политики на Северна Македонија, предводени од претседателот Заев.

Претставниците на ПЕС ја повикаа Европската Унија да го направи одлучувачкиот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите со Република Северна Македонија, бидејќи тоа е важно за граѓаните на земјата, за сите резултати кои се постигнати на домашен но и меѓународен план со Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, но важно е и за кредибилитетот на ЕУ.

 

Од страна на претседателот Заев беше упатена благодарност до ПЕС за силната поддршка за нашата држава.

Претседателот Заев истакна дека позитивната одлука за почеток на преговори значи поддршка и охрабрување на процесот на реформите дома, но и силна порака за другите во регонот дека тешките одлуки се вреднуваат и тие се влог во подобра иднина.

- Ако ЕУ го загуби кредибилитетот во регионот тогаш се отвора простор за влез на трети страни кои не се залагаат за демократски вредности, посочи претседателот Заев, додавајќи дека досега реформите во Северна Македонија се завршени 100 отсто, а поддршката за ЕУ во земјата е се уште е на високи 83 отсто од граѓаните.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени