mchi

Најнови вести

СДСМ го засилува присуството на терен, започнуваат средби со целни групи, новата Програмата произлегува од граѓаните и нивните потреби

dbi

07.11.2019

 Соопштение за јавност

 

На вчерашната седница на Централниот Одбор се донесоа многу значајни одлуки во однос на дејствувањето на СДСМ во наредниот период.

СДСМ ја интензивира мобилноста и го засилува присуството на терен, помеѓу граѓаните.

Од петок, 09.11.2019 година започнуваат и средби на нашите партиските претставници со различни целни групи граѓани низ целата држава.

Истовремено, Комисиите во рамки на партијата започнаа да работат на изборната програма и постапуваат по собраните предлози од граѓаните во текот на летниот период, на маалските и урбаните средби.

Томови работат над 160 области каде што преку најразлични канали граѓаните ќе имаат можност да ги дадат нивните предлози и сугестии.

 

Значи, покрај средбите кои што ќе ги имаме со граѓаните, директно на терен, ќе имаат и онлајн, преку меил, преку најразлични модерни алатки, да ги кажат нивните предлози и сугестии, кои секако ќе бидат разгледани и се отвора можност да се преточат во решенија од новата изборна програма на СДСМ. Нашата цел е Програмата да произлезе од граѓаните и нивните потреби и делуваме во таа насока.

На седницата на ЦО беше донесена одлука генралниот секретар Љупчо Николовски да биде шеф на изборниот штаб. Беше нотирано дела сме во голема предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

Само во летниот период, додека опозициската партија ја немаше никаде, СДСМ одржа преку 600 маалски и урбани средби на кои што се среќававме со граѓаните, ги слушавме нивните барања. Тие барања ќе бидат преточени и во следната изборна програма.

Во моментов се одржуваат отворени трибини со граѓаните и досега имаме реализирано 13 трибини, кои се масовно посетени. Трибините ќе продолжат веќе, во сабота следува граѓанска трибина во Охрид а во понеделник, уште една трибина во Свети Николе.

На денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов посочи дека голем дел од ветувањата во Програмата од изборите во 2016 година се веќе реализирани, а копплетно се спроведен концептот “Парите кај граѓаните“ еден од столбовите на Програмата.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени