mchi

Прес

Изјавите на пратенички од ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат лицемерието и лажниот патриотизам на Мицкоски

dbi

09.11.2019

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани, 

Секојдневно се потврдува лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ.

Изјавата на пратеничката Нола Исмајлоска дека услов за да биде на пратеничката листа било да поддржи промена на името го потврдуваат неискрениот однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Изјавата на пратеничката Даниела Рангелова дека и било кажано дека може да гласа на референдумот, за потоа да биде етикетирана како предавничка е доказ за антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите изјави на пратенички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат лицемерието и лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски.

Се потврди уште еднаш дека единствена понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е лицемерие, лажен патриотизам и делување против интересите на државата и граѓаните.

Тоа е истата стара матрица на Груевски, едно зборуваат јавноста друго во реалноста.

За тоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети на изборите на 12 април.

Граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе потврдат дека државата е на прав пат.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени