mchi

Најнови вести

Енергетско ефикасна фасада на детската градинка Бутел 1, СДСМ се грижи за најмладите

dbi

01.12.2019

Изјава за медиуми, Јана Ханџиска, советничка во Советот на општина Бутел

Почитувани граѓани, почитувани медиуми!

Власта на СДСМ продолжува и во иднина да работи за граѓаните и подобрување на условите за  животот на сите.
 
Денеска сме пред детската градинка Бутел 1, каде неодамна беше изработена енергетско ефикасна демит фасада во површина од 1.000 м2 . Со оваа термоизолација значително се заштедува  на потрошувачка на топлинска енергија и се подобрува изолацијата на објектот.
 
Вкупната вредност за изработка на фасадата изнесува 2.472.881,00 денари, средства одвоени од буџетот на општина Бутел.
 
Објектот позади нас е изграден далечната 1972 година и го затекнавме во очајна состојба.
 
Покрај изработката на  енергетско ефикасната фасада, во изминативе две години направивме  повеќе зафати во градинката со што обезбедивме нов и модерен лик како и зголемена функционалност.
 
Имено, саниран е долгогодишниот проблем со приодот за дотурот на храна во објектот (пред делот на чајна кујна), како и приодот кон јаслениот дел на објектот, приодни скали и рампа на главниот влез. Направена е реконструкција, санација и преадаптација на јаслен дел (целосно), со што се овозможи проширување на капацитетот на овој објект, санирани се дел од олуците во објектот и отстранет е дефектот со поставување на нова парна инсталација во јаслениот дел. Поставена е опремена е дворната површина со детски игралишта и реквизити.
 
Подобрувањето на материјално -техничките услови во детските градинки резултира со зголемено задоволство кај родителите и децата. Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и санации во СИТЕ детските градинки за изминативе 2 години се со износ од 8.200.000,00 денари.
 
Но, не застануваме тука, продолжуваме  да работиме  на подобрување на условите за најмладите, со што предвидено е проширување на  капацитетите  на детските градинки за повеќе од  150 места, со што полека ќе се реши долгогодишниот проблем со решавање на долгата листа на чекање.   А тоа е изградба на нова детска градинка до училиштето  Климент Охридски во Бутел 1 која ќе биде со капацитет од 100 места и другата е предвидена да биде со капацитет од 50 места, со преадаптација на повеќе училни од старото училиште во Визбегово.
 
Почитувани, се ова погоре заедно со рекордното зголемување на платите на персоналот во градинките покажавме дека се грижиме за подобри услови за нашите најмлади, за нашата ИДНИНА
 
Почитувани граѓани !
 
Заедно чекориме на ПРАВИОТ ПАТ на реализација на проекти од заеднички општествен интерес!

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени