mchi

Најнови вести

Грант од 3000 евра за жени земјоделки

dbi

01.12.2019

Прес конференција, Марина Улишева - Координатор на Форум на жени на СДСМ Гевгелија

 

Почитувани граѓани на општина Гевгелија,

СДСМ продолжува со реформите во земјоделството и промовирање на новите земјоделски мерки со цел подобрување на условите за земјоделците и создавање свест дека земјоделството е гранка од која може да се живее и просперира.

СДСМ мисли на народот.

СДСМ прави се’ тошоците на земјоделците да бидат помали, а парите да завршуваат во рацете на земјоделците.

Мерките на СДСМ за силно конкурентно земјоделство се на прав пат.

Почитувани,

За првпат Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објави оглас на кој жените земјоделки можат да се пријават до 26.декември 2019 за грант неповратни средства во износ од 180.000 денари.

Оваа мерка со финансиска поддршка на жената земјоделец е со цел мотивирање на жената земјоделец за создавање на семејно земјоделско стопанство кое ќе обезбеди поголема вредност на земјоделското производство.

Поддржувањето на оваа мерка би значело подобар развој на земјоделството, а и подобра економска состојба на жените во руралните средини.

Овие мерки од Владата, младите земјоделки можат да ги искористат за:

набавка на опрема за постбербени активности на овошје и зеленчук,житарици и мелнички производи, растителни и животински масла, шира од сок од грозје,вино, маџун, оцет, месо и месни производи
опрема за прием , собирање, чување и сортирање
опрема за миење, сушење и калибрирање на земјоделските производи
опрема за ладење и замрзнување, сушење и сечење, конзервирање и етикетирање на производи
опрема за манипулација, утовар и растовар, ладилници и палети
опрема за мерење на квалитет
опрема за подобрување на стандардите и благосостојбата на животните.

СДСМ се залага за вредностите од земјоделството.

Политиката на СДСМ е на прав пат.

Жените земјоделки за првпат ќе имаат можност да ги почувствуваат благодетите од директната продажба на производите или продажба од праг.

За оваа мерка подготвен е Правилник за флексибилност на производи од животинско потекло коешто дава основа за продажба од праг.

Тоа значи дека квалитетот и идентитетот на производот произведен од жените во руралните подрачја ќе дојде до израз.

Почитувани граѓани,

За подобрување на условите за живот во сите сфери од општественото живеење СДСМ вложува многу.

Денес се креира и инвестра повеќе од било кога.

Реформите во земјоделството, инвестирањето на мерки кои нудат подобар живот за граѓаните во руралните средини се приоритет на Владата на СДСМ .

Ви благодарам

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени