mchi

Најнови вести

Пратениците да го поддржат Барањето, за автентично толкување, најважно е да се затвори нелегалната аболиција на Иванов

dbi

02.12.2019

Прес конференција, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на Жени на СДСМ

Почитувани,

Во името на заштитата на правдата ги повикуваме сите пратеници, од сите парламентарни партии, пред се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Најважно во овој момент е да се затвори нелегалната аболиција на Иванов и да се обезбеди одговорност пред законите на сите оние коишто ги прекршиле.

Наместо да се занимава со несериозни и неиздржани предлози, Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ.

Затоа Мицкоски прво нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето, а потоа може да се дискутира и за други предлози.

Почитувани,

Последните скандалозни случувања во правосудството јасно покажуваат дека и зад најавите од Уставниот суд, стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и фамилијата.

СДСМ се бори за правдата да биде задоволена, нема да дозволиме амнестии, нема да дозволиме остатоците од режимот и инсталациите од сваровски судството да ја попречат правдата.

Граѓаните очекуваат правда и правда мора да има.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени