mchi

Најнови вести

3000 евра грант за жените земјоделки, ја зајакнуваме позицијата на жените во семејното земјоделство

dbi

02.12.2019

Прес конференција, Сандра Мијалковска - ОО СДСМ Пробиштип

 

Почитувани сограѓани,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија постојано го унапредува земјоделството, ги подобрува условите за земјоделците и ги намалува нивните трошоци. Сѐ со една единствена цел, повеќе пари кај секој земјоделец.

Жените – земјоделки пак до 26 декември 2019 година може да се пријават на оглас објавен од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој за грант неповратни средства во висина на 3000 евра.

Оваа мерка се воведува за прв пат, а целта е да се подобри економската состојба на жената-земјоделка, да се зголеми бројот на регистрирани жени, да се мотивираат и да се зајакне позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство.

Со овие средства може да се набави најразлична опрема за постапување со млечни и земјоделски производи.

Преку мерката “Активен женски член во земјоделското домаќинство” се промовира и директна продажба или продажба од праг, за што е подготвен и правилник за флексибилност за производи од животинско потекло.

Почитувани, со последните измени во Законот за земјоделство и рурален развој, се овозможи и дополнителна помош за младите земјоделци со воведување на дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра.
СДСМ гради силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени