mchi

Најнови вести

Продолжува унапредувањето на земјоделството, објавен оглас за грантови во висина од 3000 евра за жени земјоделки

dbi

02.12.2019

Прес конференција, Силвана Филипова - координатор на Форумот на жени на ОО Неготино

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ продолжува со постојаното унапредување на земјоделието, подобрување на условите за земјоделците и намалувањето на нивните трошоци се со цел повеќе пари да завршат кај секој земјоделец.

Посебен приоритет на оваа Влада е јакнење на финансиските капацитети на жените земјоделки. Културата на еден народ можеме да ја перципираме само преку почитување на жената како рамноправен член на општеството. На нашата држава и се потребни еманципирани жени вклучени во сите сфери на општественото живеење. Економски независни жени.

За таа цел, Агенцијата за финансиска подржка на земјоделството и руралниот развој објави оглас на кој жените земјоделки, до 26 декември, може да се пријават за грант неповратни сретства, во висина од 3000 евра.

Целта е да се мотивира и да се обезбедизајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство.

Предходно, со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, овозможивме дополнителна помош и за младите земјоделци со воведување на дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20000 евра.

Се унапредуваат и поедноставуваат условите за користење на европски фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.

Земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат.

Развој и унапредувањето на земјоделството се приоритети за СДСМ.

Градиме силно и конкурентно земјоделство, расте произвотството и имаме се поголем број на задоволни земјоделци

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени