mchi

Најнови вести

3000 евра грант за жените земјоделки

dbi

02.12.2019

Прес конференција, Љубица Степаноска - координаторка на форумот на жени при ОО СДСМ Крушево

 

Почитувани,

СДСМ уште еднаш покажува дека е на страната на земјоделците и дека секогаш се залага за еднаква застапеност на мажите и жените.

Општина Крушево, како рурална средина има голема придобивка од политиките на Владата во земјоделството и руралниот развој.

Со новата мерка „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, со која жените – земјоделки можат да се пријават за грант неповратни средства, во износ од 180.000 денари или 3.000 евра.

Со оваа мерка секоја жена земјоделец ќе ја зајакне својата позиција во земјоделските семејства и генерално во нашето општество. Покрај мерките за зголемување на субвенциите, навремено исплаќање на истите, зелена нафта и многу други заедно со унапредувањето на жените-земјоделки преку мерката за добивање на грантови, владата предводена од СДСМ го развива овој важен дел од животот на граѓаните.

Во оваа прилика ги информираме сите жени-земјоделки од општина Крушево да ја искористат можноста и да аплицираат на огласот што е објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој, на кој до 26 декември, 2019 година, сите заинтересирани жени – земјоделки може да се аплицираат за оваа финасиска поддршка.

Почитувани,

СДСМ продолжува да работи во интерес на сите граѓаните.

Со ваквите политики градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците

СДСМ ја води државата на прав пат, со еднакви можности за мажите и жените.

Ви благодарам.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени