mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ освен лажни вести и одбрана на криминалот не нуди ништо, во фокусот на СДСМ остануваат исклучиво интересите на граѓаните

dbi

13.01.2020

Соопштение за јавност – реакција на прес конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

 

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека останува заглавена во нивната груевистичка матрица.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново, нема промени. Единствено што нудат е обнова на режимот, заштита на криминалот и беззаконието и продолжуваат да бидат узурпатори на институциите во обид.

Вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ е радикална партија, која е закана за мирниот живот на граѓаните.

Наспроти негативната кампања која ја тераат, СДСМ продолжува во насока на обезбедување на сигурност, безбедност и целосен сервис за сите граѓани на нашата татковина.

Граѓаните да не се грижат, институциите се во сигурни раце.

Притисоци, закани и уцени се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и партизираните институции во нивно време.

И измислениот случај за наводни притисоци од советникот на министерот за земјоделие е само уште еден обид на ВМРО ДПМНЕ да го заштити криминалот.

Снимката единствено потврдува укажување и советување до лицето од разговорот, да ја врши својата работа согласно законот.

Интересот на граѓаните и на земјоделците бил и останува да биде врвен приоритет на СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Потврда за тоа се бројните реформи и проекти кои беа реализирани во изминатите три години.

СДСМ преку ресорното министерство покажа што значи вистинска грижа за земјоделците.

Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ останува осамено и изолирано, но и спречено од страна на институиите да прави злоупотреби и криминал.

Со таквата понуда ВМРО-ДПМНЕ нека се спремат за тотален пораз на 12 април.

Граѓаните нема да имаат дилема за кого да гласаат на престојните избори, на 12 април тие ќе потврдат дека сме на прав пат и нема да дозволат враќање на режимот.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени