mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ нарачуваше лустрациски процеси по желба и го злоупотребуваше законот, затоа е против поништување на лустрацијата

dbi

14.01.2020

Соопштение за јавност 

 

Блокирањето на Предлог законот за поништување на лустрацијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека во оваа партија ништо не се променило.

Христијан Мицкоски и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо оградување, се ставија во одбрана на бруталните злоупотреби на процесот на лустрација зад кои се криеше политичка и криминално мотивирана фамилија на режимот.

И наместо Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцираат од грешките и злоделата на Никола Груевски, напротив, тие ги штитат, бранат и ги чуваат.

Уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е раководена од Груевски од Будимпешта. Тоа се уште е истото нереформирано, режимско ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваше лустрацијата за политички, партиски и за лични цели. Тоа се потврди преку прислушуваните материјали, каде високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Милишоски, Јанкуловска, Груевски си нарачуваа лустрациски процеси по желба.

Бруталната пресметка со неистомислениците и кршење на законот за лустрацијата, кои свесно ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата се срамни и недозволиви и таа неправда мора да се исправи.

Новото предложено решение од страна на СДСМ е отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи и за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

На овој начин се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста.

ВМРО-ДПМНЕ останува на страната  на неправдата, затоа на 12 април ќе доживее силен пораз од граѓаните.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени