mchi

Обраќања

Претседателот Заев: Зад Законот за ЈО стојат ЕУ и САД, апсурдни се нападите на Мицкоски што се по инструкции од Будимпешта

dbi

23.01.2020

Одговор на новинарско прашање – реакција на прес конференцијата на Христијан Мицкоски

П1: Мицкоски вели на маса не седнуваме додека не ги прифатите нашите забелешки?

Прво, да се бара од опозицијата да биде предложен Јавниот обвинител се испраќа пораката дека Мицкоски има намера да остане опозиција, второ вака да се настапи критички за еден закон којшто знаат и тие и ние е целосно во координација со Европската делегација и ЕУ и правниот сектор на САД којшто работи со нас, е дефинитивно далеку од било каква нормалност во вакви сериозни моменти пред коишто сме. Морам да кажам дека самиот ваков закон е потврда дека нема ништо од она што беше кажано на прес конференцијата, дека некој се обидува на амнестира случаи, да скрие криминали на актуелна власт или слично за тоа е потврда што  законот е направен во консултација и зад него стојат ЕУ и САД.

Втората важна работа за ваквата прес конференција е тоа што инструкцијата доаѓа од Будимпешта, и нема ништо помалку ниту повеќе од тоа.

Трето, самиот закон е направен политичарите да не местат обвинители, туку тој да биде структурно, системско решение далеку од рацете на политичарите во функција на јакнење на независноста и јакнење во правосудството.

Со самиот овој закон се гарантираат сите актуелни случаи, започнати предмети и истраги без разлика за кого се однесуваат во државата, тука се и предметите којшто беа од СЈО, од организиран криминал, сегашни или минати и веројатно обезбедуваат и идни предмети.

Ако навистина се за вакво решение, јавно повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговараат на писмени материјали за сето тоа да го решиме во функција и интерес на граѓаните. 

Во спротивно, оставаме само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот, да го спречи тоа што значи одговорност за криминалот без разлика за кого се однесува во државата.

Сега и требаме сите на државата, можеме да дадеме аргумент плус за нашиот народ, имаме системско решение, можеме да дадеме аргумент на пријателите а тоа се лидерите на земјите членки на ЕУ и ЕК да имаат уште еден аргумент за конечните одлуки кога ќе ги носат за така историски важни одлуки за Република Северна Македонија.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени