mchi

Обраќања

СДСМ ги зголемува можностите за вработување на младите, донесен Законот за младински додаток

dbi

25.01.2020

Обраќање, Есра Салихи, членка на Извршниот одбор на СДСМ

 

 

Почитувани,

СДСМ преку конкретни мерки наменети за младите создава подобри услови за зголемување на стандардот и можностите младите да ја градат својата иднина во татковината.

Собранието на предлог на СДСМ го усвои Законот за младински додаток кој обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години во производните дејности.

Младински додаток од 3.000 денари добиваат младите вработени во производните дејности, оние што се самовработени, вработени преку приватна агенција, како и младите индивидуални земјоделци.

Оваа мерка овозможува подобрување на животниот стандард на младите, но и ја стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес.

Младинскиот додаток заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување во огромна мерка им отвора шанси за вработување на младите.

Младинската гаранција, опфати над 20 илјади млади лица на територија на целата држава. Од нив преку младинска гаранција се вработени 6.004 лица.

Особено позитивен ефект се бележи кај младите роми со вклученост од 1457 млади лица, а од нив 212 веќе се вработени во 2019 година.

Во последниот квартал стапката на невработеност кај младите ја намалиме на 35%, за споредба во 2016 кога тој процент беше 48,2.

На прав пат сме. СДСМ останува посветен на реализација на мерките што значат вистинска грижа за младите.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени