mchi

Обраќања

Генералниот секретар Николовски: Сите професионалци да ја искористат можноста за самокандидирање на пратеничките листи на СДСМ

dbi

03.02.2020

Обраќање, Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ

  

 

Почитувани,

СДСМ започна постапки за избор на најодговорните кандидати за пратеници од независноста па до сега.

СДСМ е отворена партија! Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се дел од СДСМ, а се докажани индивидуи, кредибилни и препознаени во средината, кои ги поддржуваат нашите политики и имаат идеи да ги надградуваат нашите политики.

Ве повикувам, сите професионалци, чесни и угледни индивидуи, кои споделувате социјалдемократските вредности, и кои имате порив и определба да направите добро за својата земја, веќе од 7 февруари да доставите кандидатура за пратник или пратеничка. Програмата на СДСМ носи храбри решенија, приклучете се!

На нашите кандидатски листи младите ќе бидат застапени со 30 отсто млади, а за првпат ќе воведеме целосна родова рамноправност од 50 отсо жени и 50 отсто мажи.

Нашите кандидати ќе го водат патот до победата на овие избори.

Ќе го унапредиме Парламентот уште повеќе, да биде Дом на сите граѓани, Дом во кој се носат прогресивни одлуки за доброто на народот, Дом кој ја влече земјата напред.

Сето она што го постигнавме досега, ни дава сигурност дека можеме да обезбедиме одговорно собрание, а со тоа и способна држава.

СДСМ е подготвен, СДСМ е модерна, европска, државничка партија која оди на победа на 12 април.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени