mchi

Соопштенија

Царовска на 360 на Алсат: Лицемерно е после деценија режим и незнаење, Мицковски да нуди економски мерки

dbi

14.02.2020

Соопштение за јавност

„Лицемерно е однесувањето на Мицковски затоа што имаа 12 години да ја покачат минималната плата, имаа исто толку време да ги зголемат социјалните трансфери, да ги обештетат стечајците, да ги покачат пензиите... Тоа е истото раководство, тоа се само портпаролите на Груевски, ништо не е различно ниту во начинот на размислување, ниту во начинот на дејствување и тоа го гледаме овој месец откако нивните кадри станаа технички министри. Навистина не можеме да се бориме со аргументи, да кажете вие кажете дека ќе ја зголемите платата за 20 проценти, а при тоа во вашето владеење за седум години сте ја покачиле просечната плата за само 800 денари, покажува дека или сакате да го замајувате народот или се лажете себеси дека тоа можете да го направите“- изјави вечерва Мила Царовска во емисијата 360 степени на телевизија Алсат зборувајќи за тоа дека ВМРО ДПМНЕ со ништо не покажува дека се реформирало.

„Нивен главен интерес беше да го изградат Скопје 2014 наместо да вложат финансиски средства во граѓаните. Затоа тие им рекоа НЕ на таквата политика. За да ги сметам за сериозни нивните понуди Мицковски требаше да излезе со одредени статистики, анализи, проекции и да укаже како тие ќе се променат и како ќе ги остварат тие резултати за кои што зборуваат. Зборуваа за БДП од 4 проценти од една страна, за рамен данок од 8 проценти од друга страна и затоа се прашувам од кој базен ќе ги извадат тие пари за да ги вложат во граѓаните“- аргументираше потпретседателката на СДСМ, Царовска.
 
Таа посочи дека за разлика од опозицијата, СДСМ ја подготвува својата програма во консултативен процес и дека  во моментот течат трибини „Агенда 20-24“, на кои што учествуваат експерти, граѓани и организации и ги дискутираат различните теми кои што ќе бидат содржани во програмата.
 
„Ова е поинакво владеење што го практицира СДСМ и затоа до крај ќе се борам никогаш да не се врати режимот“- заврши Царовска. 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени