mchi

Најнови вести

Претседателот Заев за ТВ Сител: За да бидеме поефикасни на краток рок, мораме да бидеме солидарни и товарот да го понесеме заеднички

dbi

25.03.2020

Соопштение за јавност

Штетите од коронавирусот доправа доаѓаат од месец април и по буџетот и по компаниите. Сега е доминантна здравствената криза, потоа доаѓа економската криза, посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во дневникот на ТВ Сител.

Претседателот Заев посочи дека очекувањата за наплатата на приходите се помеѓу 30 и 40%, а тоа значи дека околу 60% ќе недостасуваат и не можат да се наплатат, со оглед на тоа дека луѓето се дома, потрошувачката е намалена, угостителството не функционира, фабриките делумно работат. А 60% се 2 милијарди 200 милиони евра. Барањата по основ на кредитеи ни се околу 1 милијарда и 200 милиони, а досега понудени се само 600 милиони евра.

Во однос на тоа дали државата доцни со барањето на помош, Заев посочи дека не станува збор за никакво доцнење ,процедурата е започната на почеток на месец март, но со оглед на тоа дека ниедна земја не е поштедена од вирусот, помош бараат и други земји и многу поголеми од нашата.

Тој истакна дека навремено биле известени и побарано помош од ММФ, Светска банка, Европска инвестициона банка, Европска банка за обнова и развој како и приватните банки, од кои се очекуваат околу 400 милиони  евра.

За да бидеме поефикасни на краток рок,мораме да бидеме солидарни и товарот да го понесеме заеднички.Работниците да земаат плата,бизнисот да работи, затоа и го предложивме овој пакет, но Владата тоа може да го разработи со подсолидарни пакети и и во делот на компаниите и кај јавната администрација. Првиот чекор е кратењето во непродуктивните трошења, а вториот се кратењата кај јавната администрација. Државата веќе почнува со кратење на непродуктивните трошења, и по тој основ веќе има скратено 7 милијарди денари преку кратење на непродуктивните трошоци, но нам ни се потребно 60 милијарди денари-посочи Заев.    

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени