mchi

Најнови вести

Манчевски : Можноста за консензус постои додека трае вонредната состојба, течат законските рокови за избори

dbi

21.05.2020

Соопштение за јавност

 

 

 

Вашето барање за намалување на рестрикциите, а од друга страна тврдо да стоите дека нема услови за избори е контрадикторна. Не сме само ние, Хрватска и Србија закажаа избори. Крајот на август или септември кога сите очекуваат нов бран на новозаболени е неодговорно.-посочи Дамјан Манчевски потпретседател на СДСМ во отвореното студио на ТВ 24.

Нашето здравство на почетокот на епидемијата прогнозираше пик од 2000 заболени, но ние не го достигнавме со таа бројка , што е потврда дека добро сме ја изменаџирале ситуацијата. –истакна Манчевски.

МВР го ажурира постоечкиот список и ги додава новите полнолетни граѓани, а ДИК треба да донесе став и да даде конкретна изјава , а не лични изјави како претседателот на ДИК.-посочи Манчевски.

Потпретседателот на СДСМ, Манчевски истакна и дека точно е дека најлогично беше да се собере собранието, затоа што колку подолго трае оваа ситуација, толку тоа е полошо.

Сметам дека треба да си ги почитуваме законите, се уште постои можност да се договориме додека трае вонредната состојба до крајот на мај. –истакна Манчевски.

Доколку не продолжи вонредната и не се одржат избори , се ставаме во ситуација да нема кој да ја води државата ,нема ни собрание , ни влада. Затоа, колку пократко трае оваа состојба толку подобро за сите.-истакна Манчевски.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени