mchi

Најнови вести

Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирусот, заеднички да им помогнеме на здравствените работници

dbi

22.05.2020

Соопштение за јавност

 

 

 

Македонското здравство реагираше навремено и добро се справи со пандемијата со коронавирусот.

Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола.

Бројот на активни случаи е стабилизиран. Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова.

Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем.

Но, вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или не се пронајде вакцина.

Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме на новата реалност, на новото нормално.

Треба да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме и затоа е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита.

За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, многу е важно:

- да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме;

- да носиме заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата и

- редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете со сапун.

Секој од нас треба да им помогне на здравствените работници со почитување на мерките за заштита, секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

Со тоа ќе помогнеме и во подготовката за новиот пик на коронавирусот кој според препораките на СЗО се очекува после есента.

За да се намалуваат ограничувањата, ние мора да ја зголемиме внимателноста. Со почитување на мерките за заштита го чуваме личното здравје, здравјето на нашите деца, на нашите родители, баби и дедовци, здравјето на сите сограѓани.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени