mchi

Најнови вести

Мицкоски е против тоа парите да завршат кај граѓаните, ќе остане запаметен како пропаднат, незрел и неодговорен

dbi

22.05.2020

Соопштение за јавност - реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски

 

 

 

Мицкоски е против тоа 550 милиони евра да завршат кај 730.000 граѓани, кај фирмите, во стопанството и економијата.

Мицкоски е против тоа граѓаните да добијат платежни картички од 150 евра за македонски производи и услуги.

Мицкоски е против тоа граѓаните да добијат ваучер од 100 евра за домашен туризам и домашна платежна картичка од 50 евра.

Мицкоски е против тоа студентите и средношколците да добијат ваучери од 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет или сместување и платежна домашна картичка од 50 евра.

Мицкоски е против тоа државата да им помага на фирмите со 14.500 денари за секој работник.

Не е прв пат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да бидат против тоа парите да завршуваат кај граѓаните. Научени да грабаат тие сакаат парите да завршат во белиот дворец. Затоа беа против покачувањето на минималната плата, против покачувањето на пензиите. Освен тоа Мицкоски покажа дека има основни непознавања ниту од изборен законик ниту од законите генерално.

Пакетот економски мерки е донесен и се спроведува согласно сите законски норми и нема врска со роковите за изборите и затоа имплементацијата ќе продолжи.

Економските мерки донесени од Владата предводена од СДСМ, помагаат на сите кои ги трпат последиците од коронакризата. Трите сета економски мерки спасуваат работни места и компании, ги поддржуваат сите категории на граѓани и ја заздравуваат и заживуваат домашната економија.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени