mchi

Обраќања

Заев: Радувај се Македонијо, доаѓа живот!

dbi

09.12.2016

Соопштение за јавност


Ви ветувам просечна плата од 500 евра, ветувам парите назад кон граѓаните, ветувам 30 000 денари дополнително од приход на секое семејство од повраток на ДДВ, ветувам големи социјална помош од сегашните 3000 денари на 12000 денари.

Ветувам бесплатно болничко лекување на сите, ветувам европско образование за цела Македонија, ветувам лекција која што ќе ја научат сите а пред се овие режимски бандити, ви ветувам живот подеднаков за сите во Македонија.

Еве ја Македонија сплотена и здружена, кубат коси, мака им е, ги боли, затоа што застанавме заедно и Македонци и Срби и Роми и Албанци и Турци и Власи и Египјани и сите, здружено и на крајот да биде јасно на сите ниту ќе има кантонизации ниту федерализации, ќе има конфискации па мајка Јана да е.

На овие избори мора слободно, најслободно нашиот народ да гласа. Таму зад параванот сте сами. Не им верувајте имало камери на ѕидови, камери во пенкалциња. Има камери само во нивната глава изгубена што се обидоа да ја лажат цела оваа наша Македонија, сиве овие години.

Замислете го 12-ти Декември, 12-ти Декември ќе биде денот на слободата. Слободата доаѓа ви го ветувам тоа и останувам на зборот како што досега стоев на зборот од почеток до крај.
Бара Груевски, овде во Гази Баба, побара 63 пратеници. Почитувани граѓани ние не бараме 63 пратеници, ние бараме глас од секој слободоумен, родољуб граѓанин на оваа наша земја. Ние бараме поддршка да се избориме за преку милион и петстотини илјади граѓани што ни останаа во Македонија и преку шестотини илјади граѓани што заминаа од Македонија.

Бараме поддршка за живот на сите тие граѓани. Бараме поддршка за да падне режим, да се роди живот. Бараме поддршка за добра иднина за нашата Македонија!

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени