mchi

Обраќања

Заев: Од 2017 почнуваме да го создаваме животот што го избравме!

dbi

30.12.2016

Новогодишно обраќање
Зоран Заев, претседател на СДСМ
30.12.2016


Почитувани граѓани,

2017 ќе биде година на нашиот живот.
Избравме живот. Цврсто одлучивме да си го вратиме животот.
Успеваме заедно!

Ја почнавме 2016 со надеж дека ќе си го вратиме животот. Дека ќе успееме да ги мотивираме нашите деца да живеат и работат дома. Дека ќе создадеме услови да бидеме еднакви и спокојни.

И тргнавме во остварување на таа цел.
Се излеавме на улиците, различни, од сите страни, сплотени во желбата за слобода.
Заедно носевме и донесовме важни политички одлуки за Македонија.
Бевме солидарни кога беше најпотребно.
Покажавме заедно почит кон борците кои го трасираа нашиот пат денес.
Избравме црвено - избравме храброст – и живот.

Ние се боревме со нашиот глас за праведна и правична Македонија за сите.
Во меѓувреме:
-Младите фудбалери ја пласираа Македонија на Европското првенство во 2017 во Полска.
-Лицата со Даунов синдром од танцовото студио Денсерс Јунајтед ја искачија Македонија на 6 место на Светското првенство за модерни танци.
-Дарко, Коста и двајца Филиповци, средношколци од Македонија со својот успешен инженерски проект влегоа во натпревар за меѓународна награда на НАСА.

Сите овие вредни искуства од 2016 ги пренесуваме во 2017.
Во нив се темелите на нашата верба и нашата надеж - дека МОЖЕМЕ.
Во овие заеднички и индивидуални искуства е и нашата ОБВРСКА.

ОД 2017 ПОЧНУВАМЕ ДА ГО СОЗДАВАМЕ ЖИВОТОТ ШТО ГО ИЗБРАВМЕ!
За слободно да живееме. Слободно да избираме. Слободно да се изразуваме и слободно да дејствуваме.
Семејствата да ни се финансиски стабилни. Децата да ни се насмеани.
Македонија да биде општество на среќни граѓани.
Да ја водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над своите интереси.
Тоа е нашата задача и тоа ќе го направиме.
Македонија ќе ја поставиме на здрави основи. Ќе подигнеме институции за граѓаните.
Ќе се отвориме за сите. И за оние со кои марширавме по улиците, и за оние со кои одлучувавме за добрата иднина на Македонија, и за Цако, и за младите фудбалери како Енис, и за тие како Филип, Коста, Дарко, Елена... и уште многумина други млади луѓе кои ги бранеа боите на Македонија во светот, додека ние тоа го правевме дома.

Ние знаеме дека шансите што ќе ги отвориме за секој човек, се прозорец за целото општество. И знаеме дека перспективите на Македонија се во концептот на заедништво што го избравме.
Секој беше важен. Секој е важен. И секој ќе биде важен. Продолжуваме заедно.

НЕКА НИ Е СРЕЌНА НОВАТА 2017 ГОДИНА!

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени