mchi

Прес центар

Шилегов: Ќе има нов Универзитетски клинички центар во Скопје, доаѓа живот!

dbi

02.01.2017

Прес конференција
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 01.02.2017


Почитувани граѓани,

Најпрво дозволете ми во мое лично име и во името на Социјадемократскиот сојуз да ви посакам среќна нова 2017 година, да ви посакам многу успех среќа и здравје.

А кога сме кај здравјето, СДСМ ќе изгради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија.

Здравствените услуги ќе бидат високо квалитетни.

Ќе го вратиме концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани.Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника.

Овие тараби зад мене што сведочат за неодговорните криминални политики на досегашната власт, ќе бидат минато, исто како што е веќе минато нивниот носител Никола Груевски.

Груевски заедно со Никола Тодоров, токму овде на овој ден, на 2 јануари 2014 се шеташе покрај овие поставени тараби во Клиничкиот центар во Скопје и ви вети нов Клинички центар во Скопје до 2 јануари 2017 година.

Денеска е 2 јануари 2017. Реалноста, како што гледате, се само тарабите.

Изминатите три години вие доаѓавте овде, сами, со болни деца, со болни родители, болни соседи, со надеж дека кончено од вашите пари од даноците ќе почне да се гради Клиничкиот центар. Наместо тоа, гледавте како во центарот на Скопје никне друг грамаден објект, ама не потребниот Клинички центар за вас, туку партискиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ за којшто отидоа, според некои проценки, над 30 милиони евра.

Затоа избравте промени. Го поддржавте Планот за живот во Македонија. Тоа е нашата најголема обврска.

Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени