mchi

Прес центар

Шилегов: Зборот на Груевски во политиката не вреди веќе ништо

dbi

02.01.2017

Одговори на новинарски прашања
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 01.02.2017


Медиуми: За да се спроведат проектите што ги споменавте треба да се формира нова влада, роковите за формирање влада газат, имате ли планови за коалиции, со оглед на тоа дека треба 61 пратеник за да се формира влада?

Шилегов: Роковите за формирање влада се законски, за евентуалните коалиции благовремено ќе ја информираме јавноста.

Медиуми: Дали СДСМ останува на стариот став и предизборното ветување за екстерното?

Шилегов: Секако дека остануваме, кажавме дека на првата седница ќе го укинеме екстерното тестирање. Екстерното тестирање стана метод за уценување на наставниците и е стрес за учениците.

Медиуми: Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателот треба ним да им го довери мандатот?

Шилегов: Зборот на Никола Груевски во политиката, вреди колку и денешниов приказ. Зборот на Груевски вреди колку и неговото ветување пред три години дека ќе изгради нов клинички центар. Зборот на Груевски во политиката не вреди веќе ништо. Колку побрзо внатре во ВМРО-ДПМНЕ сфатат дека треба да го снема Груевски од политичката сцена, толку подобро како нив за партија, толку подобро за Република Македонија како држава. Искрено се надевам дека во блиска иднина ќе се најдат сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му кажат на Груевски дека неговото е завршено.

Медиуми: Каде би го граделе клиничкиот центар што го најавувате? Дали тоа ќе биде на истото место?

Шилегов: На истиот простор, меѓутоа со посветено работење, со поветена работа со парите на граѓаните, а не со луксузирање и со фрлање на парите на граѓаните заради приватните фрустрации на Никола Груевски и за изградба на нефункционални и непотребни објекти.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени