mchi

Интервјуа

Заев за српскиот весник Курир: Завршено е времето за политичари кои создаваат конфликти!

dbi

06.01.2017

Интервју на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за српскиот весник Курир.

Заев: Постигнавме историски успех заедно со граѓаните. Над 612.000 граѓани на овие парламентарни избори во Македонија се изјаснија за промени. Со пенкало и со глас да се победи режим е пример што ќе се памети во светската политичка пракса. Одделувањето на државата и институциите од една партија што го окупирала системот цели 10 години, не може да се случи преку ноќ. Затоа сум уште посреќен, дека мнозинството граѓани на Македонија ја препознаа својата одговорност и лична улога во овој процес и дадоа голем придонес кон пад на режимот.

Kurir.rs: Дали може денес да се каже кој победи на изборите?

Заев: Можно е и јасно е дека на овие избори победи демократска Република Македонија. Победи концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби. Граѓаните порачаа дека сакаат да живеат слободно, сакаат квалитетен живот, сакаат силни домашни препријатија, сакаат да им се вратат украдените пари, сакаат институции што работат во нивна служба, сакаат правда. Тие покажаа дека знаат, дека со Никола Груевски нема напред. Во Македонија нема повеќе место за криминалци и за деструктивни политичари.

Kurir.rs: Дали очекувате да добиете мандат за формирање Влада и дали веќе започнавте преговори?

Заев: За преговорите, ќе почекаме да завршат сите процедури, во моментов кога го правиме интервјуто, се уште не е одржана конститутивната седница на Парламентот. Во рок од 10 дена после тоа, претседателот на државата е должен да го довери мандатот за состав на новата Влада на кандидат на партија, односно партии што имаат мнозинство во Собранието. Граѓаните се изјаснија за промени. Затоа и повеќе пати повторив дека мнозинската волја на граѓаните мора да биде преточена во институциите. Лично гледам дека постои свесност за ова и се надевам дека во скоро време Македонија ќе добие нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.

Kurir.rs: Кои се клучните предизвици за новата власт во Македонија?

Заев: За нас, приоритет се потребите на граѓаните. Над 500.000 луѓе во Македонија осиромаши досегашната криминална власт. Ќе ги насочиме парите кон граѓаните, преку покачување на минималната плата, преку директна државна финансиска поддршка на домашните фирми, за да можат да отворат нови работи места и да даваат повисоки плати, со тоа и да ја качиме просечната плата до 500 евра. Планираме и намалување на повеќе давачки. Егзистенцијата на граѓаните мора да ја обезбедиме. Украдените пари на граѓаните, од власта на Груевски, според наши проценки над 5 милијарди евра одлеани во странство, ќе мора да ги вратат. Паралелно, бидејки се разрушени сите столбови на државата, ќе мора да се фатиме веднаш за спроведување на неопходните реформи.

Kurir.rs: Дали се очекуваат апсења поради аферите што ја потресоа земјата?

Заев: Дојде време кога институциите мора да си работат својата работа, според Устав и закон и според потребите на граѓаните. Правдата мора да биде задоволена. Тоа мора да биде порака, не само за Македонија, туку и за регионот и за светот, дека никој не е недопирлив и дека секој кој правел, зло ја добива својата казна. Мора да биде така, за на никого, на ниеден политичар, да не му падне на памет да им направи нешто слично на своите граѓани.

Kurir.rs: Ако формирате Влада, каков курс ќе завземете кон Србија?

Заев: Република Македонија и Република Србија имаат традиционално добри односи. Народите во двете земји се историски врзани. `Не поврзуваат и заедничките потреби за достоинствен живот на нашите граѓани и за перспективна, европска иднина на двете земји, базирана на демократски вредности. За остварувањето на овие цели, ние сме природно упатени едни кон други. Ќе се заложиме за развој на соработката на секое поле и убеден сум дека можеме да му покажеме на светот, дека Балканот може да биде добро место за живеење.

Kurir.rs: Што по ваше мислење ја одбележа 2016 година во Македонија, а што на Балканот?

Заев: 2016 е историски значајна година за Македонија. По вистината отворивме пат на правдата, со пенкало и глас поразивме режим и отворивме пат на демократските процеси. Огромен придонес во целиот процес има Шарената Револуција, којашто ќе влезе исто така во историјата на Македонија како можеби најмасовното граѓанско движење од независна Макаедонија. Демократски процеси почнаа да се случуваат и на Балканот. Од безбедносната конференција во Белград посветена на иднината на албанско – српските односи каде српскиот и албанскиот премиер, Вучиќ и Рама заеднички оценија да го остават минатото и да се фокусираат на индината, интеграција во ЕУ, испратена е силна порака. Перспективите на регионот можат да ги обезбедат само политики на заедништво. Завршено е времето за политичари кои создаваат конфикти.

Kurir.rs: Што ја одбележа годината на светската политичка сцена?

Заев: Неколку работи. За жал терористичките напади кои се префрлија во Европа изминативе две години, како и светската мигрантска криза - коишто испраќаат порака дека и светот е упатен кон уште поцврста и поорганизирана соработка во борбата против тероризмот и развивањето ефикасни механизми на заштита и хуманост на оние кои им е тоа потребно. Исто така, претседателските избори во САД, како и Брегзит.

Kurir.rs: Што посакувате на граѓаните на Македонија во 2017 година?

Заев: Сакам прво да им се заблагодарам на граѓаните на Македонија за тоа што во огромен број го поддржаа концептот За живот во Македонија. Тоа не беше воопшто лесно, бараше одрекувања, бараше жртви, но вредеше. На сите граѓани, на сите, независно од политичка, етничка, верска или друга припадност им ја честитам од срце Новата 2017 година, пожелувам добро здравје и спокоен живот.

Kurir.rs: Дали имате некоја порака за Србија и нејзините граѓани?

Заев: Граѓаните на Република Србија покажаа дека во клучни моменти знаат да препознаат што е најдобро за нив и за земјата, дека тоа се демократските вредности што ја обезбедуваат и стабилноста и иднината на државата. Верувам дека таа свест којашто ја донесе Република Србија до кандидатски статус во ЕУ, ќе преовладее во сите натамошни одлучувачки моменти. Нека ви е среќна и успешна Новата 2017 година!

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени