mchi

Најнови вести

Заев: Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме!

dbi

07.01.2017

Соопштение за јавност


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на големиот празник Рождество Христово – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го празнуваат, како и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

„Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме, почитувни граѓани.
Ќе бидеме среќни, децата ќе ни бидат насмеани, ќе живееме квалитетно и спокојно сите.
Нашиот благослов е во вербата што ја имавме дека е тоа можно и затоа никогаш не престанувајте да верувате во вредностите.

Посакавме слобода, вистина, правда. Бевме исправени пред големи предизвици да ги браниме. Покажавме одлучност, храброст и големо трпение. Подадовме рака едни кон други. Одлучивме да ја следиме својата совест и успеавме да одговоривме на искушенијата на нашата волја.
Го избравме доброто наспроти злото.

Ете зѐтоа верувам дека нашиот благослов ќе биде нашиот живот.

Да се почитуваме, да се сакаме, да се разбираме едни со други, да се грижиме едни за други. Така ќе создадеме општество на свесни и одговорни граѓани кои сакаат, можат и знаат да придонесат кон спокен живот за себе и за сите во него.

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име ви пожелувам Среќен Божик!“

 

Скопје, 07.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени