mchi

Најнови вести

Манчевски: Новата градска власт ќе ги насочи парите кон потребите на граѓаните

dbi

16.02.2017

Прес конференција,
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Скопје, 16.02.2017

На денешната седница на Советот на Скопје ќе се разгледува извештајот за извршувањето на буџетот од минатата година. Извештајот, како и сите години претходно, покажува дека главна преокупација на Коце Трајановски му бил раскошот и луксузот на Никола Груевски.

Се трошеше за барокни фасади, плоштади, фонтани, луксузни административни згради и за други непродуктивни трошоци. Коце Трајановски немаше пари за мерки за намалување на загадувањето, подземна сообраќајница во центарот на градот, проекти за енергетска ефикасност, ниту пак за нови мостови и главни сообраќајници.

Ова време заврши. Доаѓа ново време и нова градска власт, која во прв план ќе ги има интересите на скопјани. Во оваа прилика сакаме да најавиме дека веднаш по смената на Коце Трајановски на локалните избори во мај, ќе предложиме ребаланс на буџетот со кој:

Веднаш ќе ја запреме изградбата на Панорамското тркало

Веднаш ќе ја запреме изградбата на и на барокните фасади и како и на сите други пропратни објекти кои се дел од Скопје 2014.

Парите на граѓаните на Скопје ќе се пренасочат за мерки за намалување на загаденоста, за повеќе паркови и зелени површини, за нови средни училишта, за нови мостови, за нови сообраќајници, за нови проекти кои се од најголемо значење за граѓаните на Скопје.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени