mchi

Најнови вести

Штип заслужува развоен буџет за сите граѓани, затоа се потребни промени

dbi

17.02.2017

Прес конференција, ОО СДСМ Штип
Јане Миланов, советник од СДСМ и коалициските партнери
Штип, 17.02.2017 год


Почитувани,

Извештајот за реализација на Програмата за локален економски развој, на дело ја покажа неспособноста на локалната власт предводена од градоначалникот Илчо Захариев.

Бројките во Извештајот се поразителни. Во програмите за урбанистичко планирање, за изградба на системи за водоснабдување, реализацијата е под 40%. За потикнување на развојот на туризмот во Штип и околината, локалната власт не издвоила ниту денар.

Од предвидените средства преку блок дотации, за основно образование се реализирани само 83%, а за средно образование само 76%. Овие средства не се ни приближно доволни за нормално функционирање на училиштата, оносно за сервисирање на основните давачки поврзани со греење, водоснабдување, ел.енергија, а инвестирање во нови наставни средства и технологија е невозжно.

Вака поставениот општински буџет не само што не е развоен, туку практично претставува буџет за преживување, без гаранција дека некои дејности и програми ќе успеат да преживеат во лошите услови кои ги наметна Захариев.

Затоа, на Штип му се потребни промени во раководењето со општината и општинските пари. По промените на парламентарните избори, во Штип следуваат промени и на локално ниво. Општина Штип ќе добие нова локална власт која ќе работи во интерес на граѓаните.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени