mchi

Обраќања

Спасовски: Овој Марш ја испраќа пораката на едно опшетство со еднакви шанси за сите!

dbi

05.03.2017

Обраќање на Осмомартовскиот Марш
Оливер Спасовски, Генерален Секретар на СДСМ
Гевгелија, 05.03.2017

Почитувани дами, другарки, соборки, добар ден. Ова е одговор со една силна порака на љубов, и на искреност која што ја праќаме од Гевгелија до цела Македонија, една единствена, заедничка, унитарна нашата Македонија.

Жените биле секогаш и ќе бидат двигател на општествените промени и без нив нема целосен напредок.

Жените се храбри и решителни, тие се гласни и мотивирани и затоа придонесоа за промените за подобар живот за сите граѓани на Република Македонија.

Денеска, од овој Марш во Гевгелија, заедно испраќаме порака на единство и одлучност. Жените биле, и ќе бидат дел од општествените промени што ќе ја направат Македонија одлично место за живеење, за сите, без разлика на вера, без разлика на националност, без разлика на политичка припадност. Македонија за сите, Македонија во којашто секој е важен.

Во годините зад нас сведоци бевме на константно кршење на правата на жените. Сведочевме како се кршеа вашите права, како се обезвреднуваше вашиот труд, како се ограничуваше вашата слобода.

Нема праведно и еднакво општество ако жените се обесправени и нееднакви. Нема слободно општество ако слободата на жената ја регулираме со закони и забрани.

Затоа, час поскоро и вие, но и сите ние заедно ќе се посветиме на макотрпна работа преку којашто ќе ја вратиме вистинската улога на жените во општеството. И како жена, но и како мајка, ќерка, сопруга.

Најпрво ќе им помогнеме на оние кои се најдискриминирани. Уште во првите три месеци од формирањето на Владата ќе ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари. Ова ќе важи и за работничките во текстилната и кожарската индустрија кои во изминативе години, беа понижувани земаа пониска минимална плата од работничките во останатите стопански гранки. Ниту една работничка нема да зема пониска минимална плата од останатите, само затоа што работи во еден одреден сектор. Вашиот труд треба, мора и ќе се цени подеднакво со трудот на сите други.

Ќе обезбедиме пристап до посебни програми за заштита и унапредување на репродуктивното здравје на жените со попреченост.

Ќе воведеме програми за помагање на развојот на жените - претприемачи во руралните средини. Ќе реализираме тренинзи и обуки, како и доделување неповратна финансиска помош.

Ова се дел од мерките преку коишто ќе им помогнеме на жените да имаат достоен живот каков што заслужуваат, а со тоа ќе си помогнеме и на самите себе, а ќе и помогнеме и на Македонија.

Ова општество никогаш повеќе нема да посегнува по правата на жените, никогаш повеќе нема да ги ограничува нивните слободи.

Еднаквото општество е општество на еднакви шанси без разлика на етникумот, верата или полот. Жените ќе бидат дел од сите современи текови, бидејќи ниту смее, ниту може поинаку.

Дозволете ми да ви заблагодарам за досегашната храброст и одважност, но и за храброста којашто ја носевте сите изминати години. За вашето учество во борбата за подобар и поправеден свет што ја предводеше нашиот претседател Зоран Заев. Затоа што силата и храброста ја црпевме од секој граѓанин на Република Македонија, од секој наш член, од секоја жена на Република Македонија и од секоја социјалдемократка. Затоа успеавме во оваа битка.

Сега кога пред нас е многу тешката работа, да го оствариме сето она што го ветивме, во целост се потпираме на вас и на вашето знаење смиреност, на вашето умеење, на вашата смиреност, на вашата храброст и непоколебливост во борбата за добро утре.

Ова општество ќе биде и слободно и праведно и еднакво само ако сите заедно едни до други, и ако работиме посветено на остварување на замисленото.

Затоа во периодот што доаѓа да продолжиме да си бидеме поддршка едни на други, да си помагаме меѓусебно и да започнеме да градиме нов, квалитетен живот.

Денеска од Гевгелија се праќа порака ширум Македонија, порака на една вистинска жена, на една вистинска мајка. Да бидеме добри и чесни и одговорни владетели, да не поддржуваме криминал и корупција, да работиме посветено на спречување на секое зло што ја демне Македонија.

Праќаме порака со којашто сакаме да ги обединиме сите граѓани во Република Македонија. Да застанат на страната на прогресот, на просперитетот, на слободата и демократијата, заради тоа што само преку сплотеност, преку сериозно единство, преку користење на сите заеднички ресурси ќе можеме да се спротивставиме на уривањето на Македонија, на кражбите во Македонија и да свртиме нов лист после сите овие 10 години на мрак во Република Македонија, а јас сум убеден дека тоа можеме да го направиме.

Заради тоа што не води вистински човек, ќе застане на чело на државата, храбар и достоинствен борец.

Заради тоа што ве имаме сите вас. Знам дека ќе се избориме, за една европска Македонија, единствена Македонија, Македонија на сите нас. Да живее Република Македонија.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени