mchi

Обраќања

Ласкова од Осмомартовскиот марш: Ќе има еднаквост и ќе има живот, доаѓа ново време!

dbi

05.03.2017

Обраќање на Осмомартовскиот Марш
Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на Жени на СДСМ
Гевгелија, 05.03.2017

Почитувани другарки.
Мили пријателки.
Драго мое семејство.

Голема е честа и денеска во пресрет на 8-ми март да зборувам од името на сите вас и повторно да се чуе гласот на жените – социјалдемократки!

ЗА ЕДНАКВОСТ – ЗА ЖИВОТ!

Денес овде во Гевгелија е цела Македонија.

Од ова место, од овој плоштад ние жените гордо и недвосмислено го креваме гласот за нова страница во македонската историја.

Изминавме долг и тежок пат последните 10 години соочени со:

- сиромаштија, со неправда
- економско пропаѓање
- со корупција и криминал
- со уназадување на веќе стекнатите права
- со тагата по нашите синови и ќерки кои ни заминаа во странство барајќи подобар живот.

Но драги мои, ДЕНЕСКА СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН!

Сите ние жени - членки и симпатизерки, поддржувачи на вистинските вредности, СЛОБОДА, ПРАВДА, ДЕМОКРАТИЈА, следејќи го патот на идниот премиер Зоран Заев покажавме и докажавме дека сме истрајни, силни, храбри, достоинствени и верни на овие вредности.

Нашата цел е да живееме во праведно, хумано и демократско општество, еднакво за сите!

Ние знаеме како!

И во тешките денови зад нас, се изборивме:

- за квота од 40% на помалку застапениот пол во сите органи и тела во партијата, но таа статутарна одредба беше внесена и во изборниот законик, со што направивме историски исчекор за сите жени во Република Македонија.

- Борбата против семејното насилство и насилството врз жените продолжува...ќе ја ратификуваме Истанбулската Конвенција.
Во нашата програма зацртавме конкретни мерки:

- за зголемување на бројот на жени претприемачи
- за плаќање на прекувремените работни часови
- за вработување на жените во руралните средини и поддршка на жените фармерки
- за еднаква плата на жените и мажите за иста работа
- за воведување на флексибилно работно време за мајките со мали дечиња
- изградба на поголем број детски градинки и воведување на втора смена во работењето
- за заштита на бремените жени - работнички
- на возрасните жени работнички на возраст 57 години ќе им биде овозможено да добијат неполно работно време од 6 часа до наполнување на 60 години примајќи ја целата плата
- на жените пак со наполнети 60 години ќе им биде овозможено да работат 4 часа, до исполнување на условот за пензија, односно 62 години, а притоа да примаат целосна плата
- тука се и бесплатните сервиси за помош на еднородителските семејства и самохраните мајки
- тука е ослободувањето од многуте давачки за семејствата со плата под просечната.

Сите овие мерки ќе придонесат за економски стабилни и спокојни семејства, за нормален живот во Македонија.

Македонија била и ќе биде вековна и европска!

Таа е наша татковина – земја на сите граѓанки и граѓани кои живеат во неа!

Почитувани пријателки,

Дозволете ми да ви кажам едно големо БЛАГОДАРАМ за вашата истрајност, заедништво и упорност во сите овие години.

Дозволете ми од ваше име да се заблагодарам на раководството на СДСМ и нашиот претседател Зоран Заев за храброста, одважноста и мудроста во чекорите, со кои сите заедно ги направивме промените за живот во Македонија.

Тие промени се случија и не доведоа кон новата одговорна влада што ќе ја води СДСМ, а којашто ќе се грижи за сите граѓани на РМ независно од каква било различност вклучувајќи ја и родовата.

Борбата за изградба на уништениот систем на функционирање во Македонија – продолжува!

Не чека многу работа !

Свесни за тоа, како никогаш до сега, ние жените социјалдемократски ова го можеме, го знаеме и ќе го направиме!

Македонија ќе биде место за живеење на слободни и еднакви граѓани!

Најавувавме ново време!

Ќе има еднаквост – ќе има живот!

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени