mchi

Прес центар

Шахпаска:Тодоров ги довел во ризик и бебињата во возилата на Итната помош, итно е потребна новата Влада!

dbi

19.03.2017

Прес-конференција,
Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието и членка на Комисијата за здравство на СДСМ
Скопје, 19.03.2017

Почитувани граѓани,

Откако завршија два човечки живота во возило на Итната медицинска помош кое што се расипално на пат од Крива Паланка кон скопските клиники, деновиве во ризик е доведен и живот на бебе!

Превезувано е бебе од Охрид во Скопје, според информациите што ги имаме, во старо возило на Итната медицинска помош, кое што се расипало на Стража. И поради тоа, скандалозно, бебето на Стража било префрлувано во друго возило на Итната помош.

Во старо возило на Итната помош и завчера е пренесувано и друго бебе, исто така од Охрид во Скопје.

Ова се случува поради тоа што набавените 69 возила на Итната помош, до коишто се сликаше Никола Тодоров, немаат приклучок за инкубатор за бебиња! Иако овие возила ги чинат граѓаните 4.5 милиони евра!

Затоа бебињата за кои е неопходна инта интервенција се превезуваат со стари возила на Итната помош коишто често се расипуваат.

Се расипуваат и новите возила, поради нередовно одржување, според информациите што ги имаме, и како што е сведок јавноста во Македонија, тоа веќе одзеде два живота на граѓани од Крива Паланка.

Ова е уште еден аларм за несовесните здравствени политики што мора да бидат спречени. Поради ваквите политики, според Европскиот здравствен индекс (ЕХЦИ) Македонија е втора држава во Европа по лоши здравствени резултати.

Несоодветните возила на Итната помош за коишто се дадени милиони евра пари на граѓаните и негрижливото одржување на возилата покажува уште еднаш дека Никола Тодоров беше министер за тендери, а не за здравство.

Тодоров, Груевски и нивните соработници наштетија на граѓаните и го доведоа во ризик нивното здравје.

Во Програмата на новата реформска Влада, здравјето на граѓаните е врвен приорритет.

Во врска со Итната помош, ќе основаме нова самостојна јавна здравствена установа на итна медицинска помош, којашто ќе ги обедини сите служби на итна медицинска помош и ќе ги поврзува сите болници во Република Македонија. Исто така ќе ја зајакнеме и унапредиме службата за домашна посета, со цел да стане достапна за секој граѓанин и во најодалечените места.

За да се заштити здравјето на бебињата и на граѓаните и да почне спроведувањето на Програмата, инто е потребно претседателот на СДСМ, Зоран Заев да го добие мандатот за состав на новата Влада и во најскоро време да се формира новата реформска Влада на граѓаните на Македонија.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени