mchi

Најнови вести

Тодоров не може да се сокрие, ќе има ревизија за возилата на Итната помош!

dbi

20.03.2017

Соопштение за јавност

СДСМ предупредува Никола Тодоров да не се крие зад соопштенија на медицински установи за возилата на Итната медицинска помош коишто однесоа човечки животи, а се закануваат и по животи на бебиња!

Ќе има многу брзо нова Влада и ревизија какви 69 возила за Итната медицинска помош набавил Тодоров, во вредност од неверојатни 4.5 милиони евра што се расипуваат и во коишто не може да се превезуваат бебиња во инкубатор.

Поради кои причини се расипа возило на Итната медицинска помош на релација Крива Паланка – Скопје кога починаа два пациента во нив?!

Дали и кој наложил да се крие случајот со превезување бебе од Охрид во Скопје со старо возило, коешто се расипало, поради што, според нашите информации, на Стража било префрлувано во друго возило, со што е доведено во дополнителен ризик неговото здравје?!

Уште колку вакви случаи има, за коишто не знае јавноста?!

За што се потрошени милиони денари за сервисирање на возилата на возилата на Итната помош, ако се случува да им откажуваат кочници?!

Еве на страницата на Бирото за јавни набавки јасно се гледа дека освен за новите возила за Итна помош, се набавуваат резервни делови и за старите возила. На овој линк е распишаниот тендер за сервисирање стари возила, токму за здравствениот дом Крива Паланка (https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/8376d62b-6c2d-4b6b-97a3-f1d8ef4d4639).

СДСМ од медицински извори, од совесен персонал во Итната помош и на клиниките, кој е загрижен за несериозните политики на Тодоров, веќе извести дека се превезуваат бебиња во стари возила на Итната помош, затоа што новите возила не се соодветно адаптирани за инкубатори за бебиња.

Според нашите информации дури се принудуваат родители да потпишат изјава дека се согласуваат бебето да им се превезува во старо возило. И тоа било случај и за едно од бебињата транспортирани од Охрид за Скопје.

Лекари велат дека се транспортираат бебиња во ладни и незатоплени возила на Итната медицинска помош, завиткани во ќебе, или памук до клиниките.
Ова ќе заврши со формирањето на новата реформска Влада којашто ќе го реорганизира функционирањето на итната медицинска служба. За сите штетни последици по здравјето на граѓаните, ќе има одговорност.


Скопје, 20.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени