mchi

Обраќања

Ковачески: Време е друг да го преземе раководењето со седницата за да го откочиме демократскиот процес!

dbi

31.03.2017

Дел од обраќање
В.Ковачевски, пратеник
31.03.2017

Благодарам, претседавач.

Сега ќе ве наречам колега Велјановски. Вие сте колега Велјановски главната и основна причина 5 дена граѓаните на Р.Македонија во оваа просторија, во храмот на демократијата, во Собранието на Р.Македонија да гледаат циркус и рашомонијада.

Цели 5 дена од самиот почеток кога продолживме со конститутивната седница и требаше да дискутираме и дебатираме по третата точка од дневниот ред , а тоа е избор на претседател, заменик претседател и членови на Комисијата за прашање од избори и именувања вие дозволивте за дискусија да се пријават 50 луѓе, сите пратеници од средниот ред од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и на сите овие 50 говорници повторно од оваа страна да се пријават по 50 репликанти.

Со тоа, директно го загрозивте и го прекршивте членот 90 од Деловникот кој кажува дека говорникот може да говори само по прашања по кои се води претрес.

Дискутантите кои се од ова страна, овие 50, говорат само во првите десет секунди за точката од дневен пред, а останатото време од 10 минути го трошат за некакви црни сценарија, за поделба на државата, за федерализација, за двојазичност и така натаму. Вие сте најдкирено одгововорен.

И кога веќе лошо ја водите оваа седница, време е да станете од тоа столче и водењето на конститутиувната седница да го презеде некој друг.

Да го завршиме дневниот реед и понатаму да го откочиме демократскиот процес во Македонија!


ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени