mchi

Најнови вести

Нова Влада ќе има, Иванов да не влегува во дела против државните интереси!

dbi

19.04.2017

Соопштение за јавност


Ѓорге Иванов има уставна обврска да ја почитува мнозинската волја на 700.000 граѓани преточена во 67 пратенички мандати.

Иванов ќе добие и официјално известување од новиот собраниски претседател дека е демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство и дека мора да постапи согласно Уставот и волјата на граѓаните и да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата Влада.

Веќе постои и Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, така што се исцрпуваат сите досегашни неразумни оправдувања на Иванов со коишто ги штити криминалните интереси на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, наместо граѓанските и државните интереси.

Македонија ќе добие нова реформска Влада. Иванов ќе мора да го прекине самоволието. Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво.


Скопје 19.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени