mchi

Најнови вести

Заев на средбата со Иваниќ: Демократските процеси ќе продолжат, институциите да одговорат на уставните должности!

dbi

19.04.2017

Соопштение за јавност


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска оствари средба со делегација на Босна и Херцеговина предводена од Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

На средбата се разговараше за унапредување на долгогодишната соработка и пријателство меѓу девете земји како и за итноста и важноста од деболкада на демократските процеси во земјата што е интерес и на Македонија и на регионот.

„Оформено е легитимно мнозинство од 67 пратеници во Парламентот на Р.Македонија коешто ја одразува волјата на околу 700.0000 граѓани кои на кредибилни и регуларни избори јасно избраа промени, заедништво и економски напредок на државата. Институциите на системот и политичките субјекти во земјава имаат одговорност и се должни да обезбедат мирен трансфер на власта што е врвен државен интерес за граѓаните на Р.Македонија. Граѓаните очекуваат разрешница и стабилизација на политичката состојба и затоа согласно Уставот, законите и Деловникот ќе следува избор на претседател на Собранието на Р.Македноја и нова реформска Влада.“ рече претседателот Заев.

Заеднички е констатирано дека стабилноста и мирот во земјата се врвен приоритет за граѓаните на Р.Македонија исто така важни и за земјите од регионот и затоа институциите на системот мора да овозможат продолжување на демократските процеси во земјава.

Во духот на пријателските односи беше оценето дека добрата соработка и понатаму ќе продолжи да се унапредува, дека двете земји ќе разменуваат позитивни искуства и практики коишто ќе им помогнат да направат исчекор напред во европските интеграции што е од голем интерес и за граѓаните на Р.Македонија и за граѓаните на Босна и Херцеговина.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени