mchi

Најнови вести

СДСМ Велес: Ги поддржуваме вработените во фабриката „Колска“, одговорност ќе има за сите злоупотреби во фабриката

dbi

20.04.2017

Прес конфереција
Марјанчо Јорданов, Секретар на ОО СДСМ Велес
Велес, 20.04.2017


Почитувани граѓани,

Целосно ги поддржуваме вработените во фабриката „Колска“ кои штрајкуваат поради неисплатени три плати и неплатени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.Тие дури вчера зедоа плата за декември, и тоа без платени придонеси.

Ги поддржуваме нивните барања за

Исплата на сите заостанати плати и придонеси
Припојување на Колска кон Македонски железници Транспорт
и оставка на управителот Борис Алчев

Фабриката работи со загуби бидејќи менаџментот и власта во заминување во изминатите 10 години не инвестираа во опрема и во реален развој на производствените капацитети на оваа единствена фабрика овластена за работа со шински возила. Фабриката денеска има и долгови и неплатен данок кон државата, а цената на изработката не ги покрива трошоците.

Ќе има одговорност за сите злоупотреби во фабриката, како и на работничките права!

Недозволиво е Никола Груевски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат Собранието и изборот на новата Влада за заштита на своите криминали, а вработените да се оставени со загрозена егзистенција, дури и без здравствено осигурување.

Мора итно да се избере собраниски претседател и нова реформска Влада, според волјата на граѓаните, за да се исплатат заостанатите плати и да се најде трајно решение за нормално работење на „Колска“.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени