mchi

Најнови вести

СДСМ Битола: Од битката за здрава животна средина нема да се откажеме

dbi

20.04.2017

Прес конференција
Благојче Котески, советникот во Општина Битола од СДСМ
Битола, 20.04.2017


Почитувани

Деновиве сме сведоци на повторен обид за манипулација со граѓаните на општина Битола и Македонија од страна на концесионерот ДОО Стентон.

На прес конференција и во портали блиски до концесионерот беа искажани шпекулации и приложени документи со кои се трудат да ја оправдааат работата и експолоатацијата на рудникот во месноста Билбил Камен.

Иако приложениот документ од 2011-та год. е со „предмет-мислење“ за влијанието на ИСТРАЖУВАЊЕТО, кое Министерството за економија го побарало од Општина Битола, тие се повикуваат на овај документ како мислење за ЕКСПЛОАТАЦИЈА.

ИСТРАЖУВАЊЕ НЕ Е ИСТО ШТО И ЕКСПЛОАТАЦИЈА!!!!

Видливо е дека концесионерот, подолг период интензивно врши експолатација на оваа локација што може да се види и на терен а што е потврдено и во документи од страна на Општина Битола, сектор – општински инспекторат.

Од друга страна експлоатацијата ДОО Стентон, ја прикажува како припрема на теренот и истражување.

Целата постапка за добивање дозвола за експлоатација завршува со добивање на Б интегрирана дозвола. Оваа дозвола концесионерот ја нема и затоа му беше наложено да ја прекини работата во рудникот!

Да потсетиме уште еднаш, комисијата за заштита на човековата средина при Советот на општина Битола едногласно ги донесе следните препораки до локалната самоуправа.
• Да не му се издаде на фирмата Стентон, Б интегрирана дозвола (до добивање на одговор од побараните мислења од Министерствата за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Министерството за економија) и инспекторатот за животна средина да изврши увид на лице место и да постапи според законот.

Поради непочитување на забраната за работа на ден 31.03.2017 им беше изречена и казна.

Македонија мора да биде правна држава и никој не смее да биде над законот!

Повторно ги повикуваме и воедно ги охрабруваме вработените во локалната самоуправа да ги почитуваат законските одредби и да не подлегнуваат на засилените притисоци.

Почитувани сограѓани

Ова е само еден дел од битката за здрава животна средина во Битола, битка од која што немаме намера да се откажеме.

Сакаме да Ве увериме дека за нас како идна Влада и локална самоуправа, здравјето на граѓаните на општина Битола е над било кои лични и бизнис интереси!

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени