mchi

Најнови вести

Заев на средбата со Ромео: Демократските процеси мора да се одблокираат!

dbi

21.04.2017

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Карло Ромео.

На средбата е констатирана потребата од деблокада на демократските процеси во Македонија, во интерес на граѓаните и стабилноста и перспективите на државата.

- Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска Влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија, соопшти претседателот Заев.

Нагласена е потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи. Се разговараше и за ризиците од пролонгирање на
деблокадата на демократските процеси.

Претседателот на СДСМ објасни дека од сегашната ситуација трпат граѓаните, кои се во `се поголема егзистенцијaлна криза, фирмите, кои веќе имаат проблеми со исплата на плати. Министрите во заминување можат да финкционираат само технички. Од средината на мај и на градоначалниците и советниците ќе им престане целосно мандатот.

- Нема да дозволиме последици на штета на граѓаните и на државата за лични криминални интереси на поединци. Мнозинството граѓани гласаа за промени, квалитетен живот за сите, правда, евро-атлантска иднина на Македонија. Постои легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници поддржано од околу 700.000 граѓани. Постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Никој нема право да запре демократските промени, рече претседателот Заев, на средбата со италијанскиот амбасадор, Ромео.


21.04.2017, Скопје

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени